Zlatan Kapiç
26 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
БИТЛИС (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, присуствуваше на програмата за одбележување на 948-годишнината од Битката кај Малазгирт, која беше клучна за влегувањето на Селџучката војска во Анадолија, јавува Anadolu Agency (AA).
По пристигнувањето во Битлис, Ердоган ги посети селџучките гробишта во Мејдан во дистриктот Ахлат.
Станува збор за најголемите турски муслимански гробишта, со 8.200 надгробни споменици, на западниот брег на езерото Ван, кои се наоѓаат на листата споменици на УНЕСКО.
Битката кај Манцикерт, односно кај денешниот град Малазгирт во источна Турција, се случила во 1071 година кога турските Селџуци, под водство на султанот Алп Арслан, го победија византискиот цар Роман IV.
Последица на поразот била ослабената одбранбената моќ на Византијците, но и доселувањето на туркијското население во историската област Анадолија.
Битката кај Малазгирт во историјата се смета за пресуден момент кој е директно одговорен за подоцнежното пропаѓање на Византија, а Селџуците, понесени од победата во таа битка, ги продолжија своите победнички походи во Мала Азија.
Денес се одбележува 948-годишнината од таа значајна битка.