Suat Salgın
15 Септември 2018•Ажурирај: 16 Септември 2018
БАЛИКЕСИР (AA) - Во дистриктот Ајвалик, во областа Баликесир, фатени се 27 мигранти кои се обиделе илегално да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Жандармерските екипи по дојавата излегле на терен во населбата Бадавут и извеле акција, во чии рамки се фатени 27 лица.
Станува збор за мигранти со потекло од Авганистан, на кои припадници на жандармерските екипи им поделија храна и облека, а потоа ги предадоа на надлежните органи.