Muhittin Sandıkçı
11 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
РИЗЕ (АА) - Кемал Чебер, гувернер на Ризе во Турција, истакна дека во оружениот напад врз полициската дирекција во Ризе, животот го загуби полицискиот началник Алтуг Верди, додека двајца полицајци се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Чебер, во изјава за медиумите, во Државната болница во Ризе нагласи дека Алтуг бил многу успешен началник, кого секој го сметал како пријател. „Нашиот началник Алтуг почина, а нашите двајца колеги се повредени“, додаде тој.
Чебер информираше дека нападот бил извршен од страна на еден сообраќаен полицаец, кој во полициската дирекција со огнено оружје го ранил Алтуг и еден друг полицаец, како и телохранителот на Алтуг кој дошол за интервенција во случајот.
„Кога нашиот началник Алтуг дојде тука (во болница), за жал, беше во тешка состојба, а јас бев со него“, рече Чебер, истакнувајќи дека покрај сета интервенција, Алтуг го загубил својот живот.
Тој рече дека ранетите се во добра состојба, но биле задржани за операција.
Напаѓачот И. С. бил повреден во ногата од страна на полицаецот Јигит Џан Коксал, кој и самиот е ранет во случајот.