Ekipa
23 Мај 2017•Ажурирај: 23 Мај 2017
ИЗМИР (АА) - Најмалку 18 лица се уапсени во југозападниот турски град Измир, поради сомнение дека се поврзани со терористичката организација ПКК / КЏК, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дел од истрагата за терористичките активности во градот Измир, одделот за борба против тероризмот при турската полиција спроведе акција во центарот на градот и во местата Бајиндир, Измир и Менемен.
Во акцијата се уапсени 18 лица поради спомневање дека се поврзани со терористичката организација ПКК / КЏК.
За време на претресот на живеалиштата на осомничените, запленети се значителни количини материјал, како и дигитални податоци.
По извршените лекарски прегледи, осомничените се проследени во зградата на полицијата поради понатамошна криминалистичка обработка.