Çağrı Koşak
12 Јуни 2021•Ажурирај: 13 Јуни 2021
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот министер за економија Халид ал Усејли изјави дека ја поздравува одлуката на Турција да ја вброи и Палестина меѓу земјите со кои има привилегирана трговија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на палестинското Министерство за економија се наведува дека Ал Усејли изразил благодарност до Турција за нејзината одлука.
Таквата одлука ја оцени како „стратешки чекор во развојот на економската и трговската соработка помеѓу двете земји“.
Ал Усејли рече дека одлуката е особено важна во смисла на диверзификација на палестинското производство, за зголемување на увозот на некои производи и за поттикнување на извозот.