Турција

Ердоган: „Одлучни сме да ја довршиме изградбата на голема и моќна Турција“

„Никогаш нема да им дозволиме на оние кои со своите навики за стара Турција сакаат да ги загрозат демократските и економските достигнувања на нашата земја“

Hatice Şenses Kurukız, Berk Özkan  | 11.06.2021 - Обновена : 12.06.2021
Ердоган: „Одлучни сме да ја довршиме изградбата на голема и моќна Турција“ Фото: Murat Kula/AA

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека управувањето со водните ресурси станува сè поважно прашање во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Одржливото управување со водните ресурси, до коишто доаѓаме скоро секој ден со нови инвестиции, станува сè поважно во светот, но и во нашата држава“, рече Ердоган во обраќањето преку видеолинк на свеченото отворање на браната и цевоводот за вода за пиење во Килис, јужна Турција.

„Одлучни сме да ја довршиме изградбата на голема и моќна Турција, што е и надеж на сите наши пријатели и браќа во нашиот регион“, рече Ердоган и додаде:

„Никогаш нема да им дозволиме на оние кои со своите навики за стара Турција сакаат да ги загрозат демократските и економските достигнувања на нашата земја.“

Турскиот претседател потсети дека Турција во последните две децении има остварено напредок на голем број полиња, вклучително и во полето на водните ресурси.

„Во последните 19 години, со вложување од 276 милијарди лири, изградивме 600 брани, 423 вештачки езера, 590 хидроцентрали, 1.457 објекти за наводнување, 262 постројки за производство на вода за пиење и 21 постројка за отпадни води“, рече Ердоган во обраќањето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın