Турција

Турција: Приведени 12 припадници на ФЕТО

„Приведувањата се извршени откако обвинителите во југоисточната област Дијарбакир издадоа налози за приведување на 15 осомничени дека биле во контакт со високи членови на терористичката организација“, вели безбедносен извор

Dilan Pamuk  | 23.10.2020 - Обновена : 24.10.2020
Турција: Приведени 12 припадници на ФЕТО

ДИЈАРБАКИР

Најмалку 12 лица се приведени денеска поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Приведувањата се извршени откако обвинителите во југоисточната област Дијарбакир издадоа налози за приведување на 15 осомничени дека биле во контакт со високи членови на терористичката организација“, вели безбедносен извор, кој сакаше да зборува под услов на анонимност.

Од 15 осомничени, 12 лица, вклучувајќи војник на активна должност, се приведени од страна на антитерористичките тимови на полицијата. Потрагата по останатите тројца осомничени е во тек.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули, 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın