Volkan Kaşik
01 Април 2017•Ажурирај: 01 Април 2017
МАЛАТЈА (АА) - Турција, која води ефикасна и одлучна борба против терористичката организација ДЕАШ, во рамките на операциите кои беа спроведени како дел од офанзивата „Штитот на Еуфрат“, ѝ зададе голем удар на оваа терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Продолжуваат операциите против терористичката организација ДЕАШ, организација која како цел на своите напади ги има старите лица и децата. Полицијата, жандермијата и пограничните единици во операциите кои се во тек, приведоа голем број членови на ДЕАШ и заплени документи кои ѝ припаѓаат на организацијата, оружје и муниција.
Турција води разноврсна борба против оваа терористичката организација во земјата и надвор од неа, зголемувајќи ја секојдневно безбедноста во градовите и на границата.
Со преземените безбедносни мерки на границата, Турција не овозможува премин на припадници на терористичката организација ДЕАШ, покажувајќи пример за ефикасна борба против организацијата.
На ниво на цела Турција, во операциите кои беа спровеени минатиот месец, ѝ беше зададен голем удар на терористичката организација. Во мартовските операции приведени се 237 лица, меѓу приведените се наоѓаат и 52 лица кои се дел од раководниот кадар на терористичката организација. Во операциите пронајдено е големо количество муниција и експлозивни средства.
- Операцијата „Штитот на Еуфрат“ успешно заврши -
Заедничките специјални единици на Турските вооружени сили (ТСК) и коалициските воздухопловни сили на 24. август 2016 година ја започнаа операцијата „Штитот на Еуфрат“ во подрачјето на Џарабулус (дел од сирискиот Алепо) и успешно е завршена на 29. март.
Операцијата имаше за цел да ги исчисти границите од терористичктие закани и да ја зголеми безбедноста на границите, истовремено, да го заштити територијалниот интегритет на Сирија, во чии рамки беа бомбардирани позициите на ДЕАШ во подрачјето. При бомбардирањата на позициите на ДЕАШ беа неутрализирани голем број на терористи.
ТСК и Слободната сириска армија (ССА), во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, откако го исчистија подрачјето од терористите меѓу Азаз и Џарабулус, во декември 2016 се насочија кон Ал Баб. Офанзивата „Штитот на Еуфрат“, со цел да нема цивилни жртви, наместо брзо да се влезе во центарот на градот, избра отпорот на терористите да го скршат опколувајќи го градот и на тој начин да напредуваат кон центарот на градот.
Така заканата од ДЕАШ во потполност беше оддалечена од границата и не ѝ се дозволи на терористичката организација ПКК/ПЈД да воспостави непрекината контрола долж сириско-турската граница.
Во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, до 10. март на подрачјето Азаз-Џарабулус воспоставена е контрола врз 243 населени места и ослободена е територија од 2.015 квадратни километри.
Од друга страна, од почетокот на операција до 10. март, неутрализирани се 3.060 членови на ДЕАШ, од кои 2.647 загинати, и 462 членови на ПКК/ПЈД/ЈПГ, од кои 425 загинати. Командата на турските воздухопловни сили од почетокот на операција до 10. март уништи 2.325 цели, 2.888 рачно изработени бомби и 92 мини.