Süleyman Elçin
20 Септември 2019•Ажурирај: 21 Септември 2019
МУГЛА
Крајбрежната стража на Турција од морето на подрачјето на Бодрум во турската област Мугла извлече 15 лица, од кои 14 се нерегуларни мигранти. Спасувачките екипи спроведуваат операција за пронаоѓање бебе што се води како исчезнато.
Нерегуларните мигранти со гумен чамец се обиделе на илегален начин да ја напуштат Турција. Наспроти Јаликавак на отворено море гумениот чамец потонал.
По испратената порака за помош, 4 брзи чамци на Крајбрежната стража од морето извлекле 15 лица, од кои 14 се нерегуларни мигранти.
Според изјавите добиени од мигрантите, на бродот се наоѓале 16 лица, по што е започната операција за пронаоѓање бебе што се води како исчезнато.