Süleyman Elçin
06 Август 2021•Ажурирај: 06 Август 2021
АНТАЛИЈА
И понатаму е активен шумскиот пожар во подрачјето на Манавгат кое се наоѓа во турската област Анталија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот кој избувна на 28 јули, потпомогнат со ветер, во краток период се прошири на поголемо подрачје. Тимовите на терен вложуваат напори за да го стават пожарот под контрола.
Пожарот е активен и на подрачјето Кизилдага.
Противпожарните екипи и во текот на ноќта ги продолжија активностите на гаснење на пожарот, а со првите сончеви зраци стигна и поддршката од воздух.