Yusuf Şahbaz
06 Август 2021•Ажурирај: 09 Август 2021
ИЗМИР
Хајретин Учак, претседателот на Здружението на извозници на свежо овошје и зеленчук во Егејот во Турција истакна дека сакаат да го надминат лимитот од 100 милиони долари во нивниот извоз во Северна Македонија и Косово, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Учак во писмено соопштение потсети дека ја посетиле Северна Македонија пред за започне пандемијата и дека оствариле средби.
Наведувајќи дека овој пат тие во Измир биле домаќини на увозници од Северна Македонија и Косово, Учар рече дека постои голем интерес за турските производи во овие земји и дека особено се претпочитаат турските производи.
Учар нагласи дека извозот на свежо овошје и зеленчук во двете земји постојано се зголемува.
„Нашиот извоз во Северна Македонија и Косово, кој изнесуваше 17,5 милиони долари во 2016 година, достигна 29 милиони долари на крајот на 2020 година“, рече Учар.
Тој истакна дека нивниот извоз во двете земји се зголемил за 79 проценти за пет години.
„Во Северна Македонија најмногу се извезуваат цитрусни производи. Во Косово пак, најмногу се извезува вода и домати. Наша цел е да го достигнеме нивото од 100 милиони долари во извозот во двете земји во наредниот период“, додаде Учар.