Özgür Alantor,Dilek Sezen
30 Декември 2021•Ажурирај: 31 Декември 2021
КАСТАМОНУ
Планината Илгаз во Турција, покриена со „бел чаршаф“, е снимена со дрон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Илгаз, највисоката планина во регионот на Западното Црно Море во Турција, на границата меѓу Кастамону-Чанкири, со ридот Бујук Хаџет на надморска височина од 2.587 метри е меѓу водечките турски центри за скијање и зимски туризам.
Со обемните снежни врнежи од минатата недела, планината побеле заедно со дрвјата.
Снегот кој во регионот достигнува околу 40 сантиметри и маглата која е видлива на некои делови од планината, го привлекуваат вниманието на посетителите.
Планината Илгаз, „облечена во бело“ е снимена и со дрон.
Фоторепортерот Џебраил Келеш во изјавата за Агенција Анадолија (АА) рече дека планината Илгаз е убава во секое годишно време.

Наведувајќи дека планината е „облечена во венчаница“, Келеш рече: „За кратко ќе влеземе во нова година. Особено снегот натрупан на северните падини создава многу убави пејзажи. Убавините што некогаш се гледаа на разгледниците, сега може да се видат на северните падини на планината Илгаз.“
Келеш, додавајќи дека луѓето можат да ги видат овие убавини со нови технологии, рече: „Еднаш можевме да ги видиме овие убавини само од авион. Сега, благодарение на дронот, нив може да ги виде секој, а не само некои среќни луѓе. Дрвјата изгледаат сосема поинаку одозгора, тоа може да се види со помош на дронот.“