Zafer Fatih Beyaz
30 Декември 2021•Ажурирај: 31 Декември 2021
АНКАРА
Во тек е гласањето за избор на најдобрите фотографии на фоторепортерите на АА за 2021 година, а во гласањето учествуваше и шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во категоријата „Вести“, Алтун гласаше за фотографијата на Ајтач Унал со наслов „Првата жена пилот на борбен хеликоптер“, а во категоријата „Живот“ гласаше за фотографијата на Изет Мази „Атмача доверена на синовите“, додека во категоријата „Спорт“ ја избра фотографијата од Али Атмача „Шампионот Мете Газоз“.

Изборот на најдобри фотографии во рамките на АА за првпат се одржа во 2012 година, а годинава фотографиите на годината ќе бидат избрани во три категории. Најдобрите фотографии во категориите „Вести“, „Живот“ и „Спорт“ се избрани меѓу 67 од оние кои влегле во потесен избор од повеќе од 825.000 фотографии.

Секоја година во процесот на гласање за најдобра фотографија на АА учествуваат официјални лица од бројни земји, како и други познати личности од јавниот живот.
Фотографиите кои се во најтесната конкуренција за најдобра фотографија се достапни за гласање на веб-страниците „aa.com.tr/yilinfotograflari“ и „aa.com.tr/photooftheyear“.
Гласањето ќе трае до 31 декември, а фотографиите се претставени со превод на турски и англиски јазик.