Kemal Karadağ
30 Декември 2021•Ажурирај: 31 Декември 2021
АНКАРА
Во градските болници низ Турција утринава започна масовната употреба на домашната вакцина против коронавирусот „Турковак“, која доби одобрение за итна употреба, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турските граѓани од денеска можат на пунктовите во градските болници да ја примаат вакцината против коронавирусот, која е целосно турски производ.
Веќе во првите часови од вакцинацијата со „Турковак“, во градските болници во Анкара, Истанбул и во други региони се создадени долги редици граѓани кои сакаат да ја примат домашната вакцина.
Раководствата на болниците резервираа повеќе простории за вакцинација за да не се создаваат турканици на пунктовите.
Еден од граѓаните на Анкара, Гази Коч, за АА изјави дека претходно примил две дози од вакцината на „Фајзер“/„БајоНТех“, и дека за бустер доза ја чекал токму вакцината „Турковак“.
„Вчера и нашиот министер за здравство, Фахретин Коџа ја прими вакцината „Турковак“. И јас им верувам на нашите турски научници и се одлучив за нашата домашна вакцина“, рече Коч.
Слично мислење има и неговиот сограѓанин Фатих Топалоглу, кој претходно примил две дози од вакцината на „Синовак“.
„Ја чекав нашата домашна вакцина „Турковак“ да добијам бустер доза. Ги повикувам сите луѓе да се вакцинираат“, рече Топалоглу.