живот

Штркови 16 години по ред се гнездат на кубето на џамија во турски Ерзурум

Џамијата Талат Гнуничај во населбата Дадашкој, оддалечена само 6 километри од центарот на Јакутије, уште од денот кога е изградена во 2010 година, секое лето ги пречекува најмилите гости на својот покрив

Talha Koca  | 03.04.2026 - Обновена : 04.04.2026
Штркови 16 години по ред се гнездат на кубето на џамија во турски Ерзурум Фото: Hilmi Tunahan Karakaya/AA

ЕРЗУРУМ (АА) – ТАЛХА КОЏА - Штрковите, како предвесници на пролетта, веќе 16 години прават гнездо на кубето на џамијата во подрачјето на округот Јакутије, во турската област Ерзурум, носејќи надеж и радост, пишува Анадолу.

Џамијата Талат Гнуничај во населбата Дадашкој, оддалечена само 6 километри од центарот на Јакутије, уште од денот кога е изградена во 2010 година, секое лето ги пречекува најмилите гости на својот покрив.

Иако мештаните со големи напори се обидувале да им направат гнезда подалеку од електричните кабли, со цел да ги заштитат, штрковите упорно се враќаат на кубето на џамијата. За народот овде тие се „симбол на бериќет“ и благослов.

- „Цело маало ги чува како свои, никој не им го урива гнездото“ -

Муезинот на џамијата, Ибрахим Ачар, со видлива радост во очите, за Анадолу раскажа за необичните соседи.

За него, карактеристичниот звук на нивните клунови е најубавата мелодија што го означува почетокот на пролетта.

„Нашите штркови доаѓаат со првото сонце на пролетта и остануваат со нас до почетокот на есента. Тука се откако е изградена џамијата. Сите соседи ги сакаат и ги штитат; никој не помислува да им го растури гнездото. За нас, тие се гласници на пролетта и симбол на бериќетот“, вели тој.

Тевхид Дурак, 78-годишен жител, се потсетува како порано птиците страдале поради тоа што гнездата ги правеле на електричните столбови.

Иако маалото им подготвило безбедни места подалеку од куќите, штрковите секогаш слетувале на кубето на џамијата.

Бурак Сослу, пак, вели дека погледот кон нив му дава посебен спокој: „Тие се наши најдраги патници преселници. Уште пред да расцутат дрвјата, тие ни ја носат веста дека пролетта е тука. Со нив во маалото влегува мир.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın