Recep Şakar
01 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Ноември 2021
МЕЛБУРН
Откако минатата недела беше регистриран првиот случај на коронавирусот (Ковид-19), Тонга, која се состои од околу 170 острови во Тихиот Океан, ќе биде затворена целосно, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на Радио Нов Зеланд, Похива Туионетоа, премиерот на Тонга, истакнал дека целосното затворање ќе започне од ноќеска на полноќ и ќе се однесува само на островот Тонгатапу, каде што живее мнозинството од населението.
Во Тонгатапу, каде училиштата, работните места, рестораните и баровите ќе бидат затворени, во ноќните часови ќе биде воведен полициски час.
На граѓаните нема да им биде дозволено да ја напуштат куќата освен за да купат основни материјали или лекови, за медицинска помош или за користење банкарски услуги.
Првиот случај во земјата е забележан кај лице што се вратило во Тонга од Крајстчерч, Нов Зеланд, на 27 октомври. Тој бил позитивен на тестот за Ковид-19.
Најавено е целосно затворање на Тонга, каде што не се регистрирани други случаи на коронавирусот. Целосното затворање се очекува да заврши во недела навечер.
Тонга се состои од приближно 170 острови на североистокот на Нов Зеланд. Тонга има 107.000 жители. Стапката на оние што имаат 2 дози вакцина против Ковид-19 е 31 отсто, а стапката на оние што примиле единечна доза од вакцината е 48 проценти.
Тонга успеа да се заштити од епидемијата на Ковид-19 со затворање на границите.
Се наведува дека во Тонга здравствениот систем не е доволно силен и дека многу ќе страда доколку Ковид-19 се прошири.