Yusuf Soykan Bal,Sertaç Bulur
25 Јули 2019•Ажурирај: 26 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека пет терористи се предале на безбедносните сили во турскиот град Ширнак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на турското МВР, во последните денови се вршат успешни операции против терористичките организации.
Во соопштението се нагласува дека како резултат на операциите на безбедносните сили на Турција, пет терористи се предале на безбедносните сили во Ширнак.
Се вели дека еден од терористите што се предале се наоѓал на сината листа на барани лица за тероризам.