Турција, култура и уметност

Турција: Откриена вила декорирана со мозаик, стара 2.000 години

Тимот од 35 лица, при ископувањата на локалитетот, кои траат веќе шест години, ја открија вилата, украсена со мозаици, фрески и геометриски фигури со ботанички слики, за која се смета дека е стара 2.000 години

Cansu Dikme  | 21.07.2018 - Обновена : 22.07.2018
Турција: Откриена вила декорирана со мозаик, стара 2.000 години Sebahatdin Zeyrek/АА

Denizli

ДЕНИЗЛИ (АА) - При ископувања во западна Турција откриена е вила, украсена со мозаик и фрески, стара 2.000 години, јавува Anadolu Agency (AA).

„Вилата, која се состои од 12 соби, откриена е во област на подрачјето Булдан во античкиот град Триполис, во југозападната турска област Денизли“, изјави Бахадир Думан, раководител на тимот за ископување и професор по археологија на Универзитетот во Памуккале.

Тимот од 35 лица, при ископувањата на локалитетот, кои траат веќе шест години, ја открија вилата, украсена со мозаици, фрески и геометриски фигури со ботанички слики, за која се смета дека е стара 2.000 години.

„Првата фаза на изградбата на оваа палата започнала во доцниот хеленистички период. Можеме да кажеме дека првата фаза датира наназад 2000 години“, изјави Думан за АА.

Думан истакна дека за сопственикот на палатата се претпоставува дека бил земјоделски трговец, кој го покрил подот на сите соби со мозаици, живописни фрески и геометриски фигури, а ѕидовите со ботанички слики.

Тој нагласи дека во текот на ископувањата откриени се и голема бања, тоалет, дневна и спални соби.

„Пронајдовме дел во палатата во кој се чувале различни видови течности, како парфеми и маслиново масло. Можно е семејството да тргувало со овие производи“, вели Думан.

Тој додаде дека до вилата има друга куќа која се простира на површина од 600 метри квадратни.

„Куќата веројатно им припаѓала на други лица. Претпоставуваме дека ќе завршиме со ископувањата за три-четири години“, истакна Думан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.