Турција

Турција: Отворена рафинеријата „Стар", инвестиција вредна 6,3 милијарди долари

Инвестицискиот проект „Рафинерија Стар" претставува еден од најголемите нафтни проекти кои во последните години се реализирани во Европа, Блискиот исток и Северна Африка.

Selma Kasap  | 19.10.2018 - Обновена : 20.10.2018
Турција: Отворена рафинеријата „Стар", инвестиција вредна 6,3 милијарди долари

Ankara

АНКАРА (AA) - Во местото Алиага недалеку од Измир во Турција, денес свечено е отворен мега инвестицискиот проект „Рафинерија Стар", јавува Anadolu Agency (AA).

Церемонијата на отворање одржана е под покровителство на претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган. Гост на отворањето беше претседателот на Азербејџан Илхам Алиев.

Претседателот на Турција, Ердоган, во обраќањето на церемонијата на отворањето рече дека рафинеријата „Стар" уште повеќе ја зајакнала стратешката димензија на братскиот однос на Турција и Азербејџан.

Оценувајќи го овој проект за најголем поединечен во контекст на домашното производство, Ердоган рече дека овој чекор ќе ја намали зависноста на Турција во врска со увозот на нафта.

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев изјави дека Турција станала светска сила благодарејќи на лидерството на претседателот на оваа земја, Реџеп Таип Ердоган.

„Турција благодарејќи на на лидерството на претседателот Реџеп Таип Ердоган стана светска сила. Турција денес е присутна во светот. Тоа многу не радува. Силата на Турција е и наша сила", порача Алиев.

Рафинеријата „Стар" ја изгради компанијата „СОКАР Турција", подружница на азербејџанската државна нафтна компанија „СОКАР".

Инвестицискиот проект „Рафинерија Стар" претставува еден од најголемите нафтни проекти кои во последните години се реализирани во Европа, Блискиот исток и Северна Африка.

Освен тоа, „Рафинеријата Стар" е најголемата инвестиција на приватниот сектор во Турција на едно место.

Вкупните трошоци на рафинеријата, чие градење започна во 2011 година, изнесуваа околу 6.3 милијарди долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın