Haydar Toprakçı
24 Мај 2022•Ажурирај: 25 Мај 2022
ИЗМИР (АА) – Турските обвинители денес издадоа налози за приведување на 60 осомничени лица за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, организацијата која стои зад неуспешниот обид за државен удар во Турција во 2016 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Измир издаде налози за приведување на 37 војници, меѓу кои 29 во активна служба, како и за 23 ученици во воено училиште кои беа истерани по обидот за пуч.
Тимовите на турската полиција и жандармерија започнаа истовремена операција во 26 турски области за приведување на 60 осомничени.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач кој живее во САД, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а 2.734 беа повредени.
Оваа терористичка организација стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на своите припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.