Ahmet Sait Akçay
04 Јануари 2018•Ажурирај: 05 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турција на САД им упати барање за испорачување на бегалецот поврзан со ФЕТО, Хусеин Коркмаз, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителството во Истанбул денес издаде налог за апсење на Коркмаз, барајќи негово испорачување од САД.
Барањето за испорачување е упатено до Министерството за правда на САД, кое ќе го проследи до американскиот суд.
Коркмаз, поранешниот заменик комесар на полицијата во Истанбул, во декември беше сослушан во Њујорк во рамките на судскиот процес против заменикоѕ на поранешниот генерален директор на Халкбанк, Мехмет Хакан Атила.
Коркмаз за време на сведочењето изјави дека американската Федерална истражна агенција (ФБИ) му дала 50.000 долари, и дека трошоците за престој во САД ги плаќа обвинителството.
„Обвинителството во три наврати ми даде по 300 долари, вкупно 900 долари. ФБИ ми даде 50 илјади долари. Куќата во која престојувам ми ја пронајде обвинителството и ми ја плаќа киријата“, изјави Коркмаз, додавајќи дека тој самиот не барал таква помош.