Mümin Altaş
04 Јануари 2018•Ажурирај: 06 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, изјави дека за Турција членството во ЕУ претставува една од стратешките цели и дека неговата земја сака да отвори нови поглавја, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин пред посетата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган на Франција, зборуваше за француската телевизија France24, а во таа прилика се осврна и на актуелните случувања.
Тој изјави дека за време на посетата на Ердоган на Франција, ќе се зборува за последните случувања во Сирија.
„Додека траат активностите околу политичката транзиција, се обидуваме процесите од Астана и Женева уште повеќе да ги приближиме и ставиме под рамките на ОН. За време на посетата ќе разговараме и за оваа тема“, изјави Калин.
Калин исто така изјави дека во Париз ќе се зборува и за безбедносната ситуација во Ирак, односно регионалните теми како што е борбата против тероризмот.
На прашањето поврзано за односите меѓу Турција и ЕУ, Калин одговори:
„Турција членството во ЕУ го смета за една од своите стратешки цели. Но во последниот период од различни причини не е остварен напредок на тој пат. Сакаме да ги надминеме тие проблеми, да отвориме нова страница, како и да овозможиме отворање на нови поглавја“.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, утре ќе престојува во официјална посета на Франција.