Турција

Турција од Египет бара итно ослободување на вработените на Агенција Анадолија

Во соопштението се наведува дека синоќешниот упад на египетските безбедносни сили и приведувањето без образложение претставуваат напад и заплашување кои се насочени против турските медиуми

Tevfik Durul  | 15.01.2020 - Обновена : 16.01.2020
Турција од Египет бара итно ослободување на вработените на Агенција Анадолија

АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Турција го осуди упадот на египетските безбедносни сили во канцеларијата на Агенција Анадолија во Каиро и приведувањето на четворицата вработени, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението се наведува дека синоќешниот упад на египетските безбедносни сили и приведувањето без образложение претставуваат напад и заплашување кои се насочени против турските медиуми.

Исто така се наведува дека насилниот акт против АА не е само показател на негативниот став на египетските власти кон медиумските слободи, туку уште една потврда за тешката состојба кога се во прашање демократијата и транспарентноста.

„Зад тој безобзирен став делумно стои и затворањето на очите кое Западот како протагонист на медиумските слободи го прави тоа со кршењето на тие норми во Египет“, се наведува во соопштението.

Од МНР на Турција се повикуваат египетските власти на моментално ослободување на приведените вработени во канцеларијата на АА во Каиро, меѓу кои се наоѓа и еден државјанин на Турција.

Египетската полиција синоќа изврши упад во канцеларијата на Агенција Анадолија (АА) во Каиро, приведе четворица вработени, од кои еден турски државјанин, и ги однесе во непознат правец.

Во 18:00 часот по турско време полициските службеници кои влегле во канцеларијата, ги исклучиле камерите и ја прекинале интернет-врската.

Безбедносните сили вршеле претрес во канцеларијата до утринските часови, ги зеле пасошите на вработените, мобилните телефони и компјутерите и ги спречиле да контактираат.

Полицијата која изврши упад одби да го образложи тој чин и кога во канцеларијата пристигнал адвокатот на АА.

Египетските институции досега не образложија зошто новинарите се приведени и каде се однесени, без оглед на прашањата на адвокатот на АА и Амбасадата на Турција во Каиро.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın