Merve Yıldızalp Özmen
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
АНКАРА
Министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа објави дека оваа година со амбулантни летала биле транспортирани 664 пациенти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Коџа на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека Турција своите услуги со амбулантните воздушни летала ги дава уште од 2008 година.
Потенцирајќи дека Турција е единствена земја која овие услуги ги нуди бесплатно, базирајќи се врз сопствени извори, во објавата министерот коџа напиша „Само оваа година транспортиравме 453 пациенти со амбулантен хеликоптер и 211 пациент со амбулантен авион. Оние кои мислата дека слични здравствени операции има само во филмовите, треба да веруваат во нашата земја“