Esin Işık
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
АНКАРА
Последните 24 часа во Турција се регистрирани 2.392 лица позитивни на Ковид-19, додека 92 лица ги загубија животите како последица на заразеност со новиот тип на коронавирусот. Во Турција детектирани се 114.653 лица позитивни на Ковид-19, а 2.992 лица починаа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите објавени на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција и објавата што турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на социјалната мрежа Твитер, во Турциија денес се изработени 29.230 тестови на Ковид-19. На овие тестови 2.392 лица биле позитивни на новиот тип на коронавирусот.
Последните 24 часа животот го загубиле 92 лица, а 5.018 пациенти се излекувале и отпуштени се од болница. Вкупниот број на тестови изработени во Турција изнесува 948.115, а вкупниот број на детектирани лица позитивни на Ковид-19 изнесува 114.653. Животот го загубија 2.992 лица, а 1.621 лице се наоѓаат на интензивна нега. На респираторни апарати се поврзани 845 лица, а вкупниот број на лица излекувани од Ковид-19 изнесува 38.809.
Министерот Коџа во својот пост вели „Последните 24 час излекувани се повеќе од 5.000 пациенти. Вкупниот број на излекува пациенти се доближи до бројката од 40.000. Се намалува бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега. Бројката на новозаразени е во рамките на предвиденото. Многу бргу ќе ја надминеме бројката од 1 милион тестови. Да не го ризикуваме овој успех.“