Sinan Doğan
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Мексико Марсело Ебрард изјави дека како последица од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во САД животот го загубиле 566 државјани на Мексико, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ебрард на прес-конференцијата организирана во националната палата посочи дека мексиканските мигранти кои во најголем број живеат во Њујорк, се соочуваат со големи проблеми.
Ебрард додавајќи дека досега досега од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 во САД животот го загубиле 566 Мексиканци, истакна „Од 566 смртни случаи во САД, 488 се во Њујорк. Преку конзулатот се обидуваме да им излеземе во пресрет и да им ја дадеме сета наша поддршка.“
Ебрард соопшти и дека досега од САД се испратени 10.547 Мексикански мигранти.
Последните податоци поврзани со пандемијата на Ковид-19 во Мексико покажуваат дека во оваа земја досега 1.434 лица починале од Ковид-19, а позитивни на тестот на новиот тип на коронавирусот се 15.529 лица.