Ferdi Türkten
15 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција информираше дека во обид да се инфилтрираат во подрачјето на „Извор на мирот“ неутрализирани се 2 терористи на ПКК/ЈПГ и уште 2 во подрачјето „Штитот на Еуфрат“, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на турското министерство за одбрана се наведува „Нашите командоси и снајперистите неутрализираа 2 терористи на ПКК/ЈПГ во обид да се инфилтрираат во подрачјето на „Извор на мирот“ и уште 2 подготвувајќи се да извршат напад во подрачјето „Штитот на Еуфрат“.