Burcu Çalık
02 Декември 2017•Ажурирај: 03 Декември 2017
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска изнесе остри критики на сметка на Соединетите Американски Држави (САД) кажувајќи дека оние коишто на терористите им даваат камиони полни со оружје, ќе ја сфатат својата грешка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се излажаа оние кои мислат дека ќе не покорат со убијците коишто ги испраќаат на нас. Нашиот народ, ниту ќе се откаже од својата независност, ниту од единството, ниту од своите цели. Оние коишто на терористите, во нашата близина, им гомилаат илјадници камиони полни оружје и муниција, како што тоа беше претходно и во другите земји, ќе ја сфатат својата грешка кога тоа оружје ќе се врати во рацете на првите сопственици", порача Ердоган.