Турција

Турција: Мигрантка загина при потонување на брод во Мугла

„Припадниците на турската крајбрежна стража пронајдоа тело на жена, а 12 спасени мигранти се превезени во болниците кои се наоѓаат во близина“, соопштија безбедносни извори

Sibel Uğurlu  | 23.09.2018 - Обновена : 24.09.2018
Турција: Мигрантка загина при потонување на брод во Мугла

Mugla

МУГЛА (АА) - Најмалку едно лице потона, а 16 се спасени откако брод потона во југоисточната турска област Мугла во подрачјето на Бодрум, јавува Anadolu Agency (AA).

„Припадниците на турската крајбрежна стража пронајдоа тело на жена, а 12 спасени мигранти се превезени во болниците кои се наоѓаат во близина“, соопштија безбедносни извори кои зборуваа под услов на анонимност.

Мигрантите се обидувале да пристигнат на грчкиот остров Кос.

Исто така, во подрачјето Ајвалик во југозападната област Баликесир, жандармериските единици денес фатија 22 Сиријци и Авганистанци, вклучувајќи жени и деца.

Вкупно 141 мигрант, вклучувајќи жени и деца, се задржани во Ајваџик во северозападната област Чанаккале.

Припадниците на безбедносните сили, за време на редовна патрола во северозападната област Едерне, фатија 64 мигранти. Во Ипсала се фатени 22 Авганистанци, во Мерич 29 Пакистанци, и во Узунќопру, 13 Сиријци, Ирачани и Палестинци.

Сите мигранти се упатени кон надлежните регионални канцеларии за миграции.

Турција е главна рута за бегалците кои се обидуваат да преминат во Европа, особено од 2011 година, по започнувањето на сириската Граѓанска војна.

Од мигрантите фатени во 2017 година во Турција, поголемиот дел се од Пакистан, околу 15.000, потоа следуваат Авганистанци со бројка од 12.000. Сиријци има вкупно 10.000. Од 2016 година се забележува 60 отсто зголемување на приливот на мигранти. Бројката во 2016 година изнесуваше 31.000.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın