Ekipa
24 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
АФЈОНКАРАХИСАР (АА) - Долината Фригија и езерото Емре им нудат можност на своите посетители да поминат незаборавни моменти во прекрасните предели кои го одземаат здивот, а особено доколку се доживеат со лет со балон на топол воздух, пишува Агенција Анадолија (АА).
Сместена во турската егејска област Афјонкарахисар, долината е позната по нејзините историски населби, исклесани карпести гробници, самовилски оџаци и езерото Емре.
Дескот за видеовести на Агенција Анадолија го сними пејзажот што го одзема здивот од античката долина Фригија покриена со снег и од езерото Емре покриено со мраз.

Во таа област е извршен лет со балон на топол воздух над езерото Емре на 16 степени под нулата.
Долината ги привлекува љубителите на природата и фотографијата со нејзиниот шармантен зимски пејзаж.
Привремено впишана на Листата на светско наследство на УНЕСКО, долината Фригија се простира од главниот град Анкара и централниот дел на Ескишехир, како и кај нејзините соседни области во Егејскиот Регион, Кутахија и Афјонкарахисар.
Според Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), Фригија е цивилизација која постоела 800 пр.н.е и доминирала во централна Анадолија, од Средоземното Море на југ до Црното Море на север.