Esra Kaymak
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Според безбедносни и судски извори, единаесет осомничени лица се притворени денес во операциите во Истанбул како дел од истрагата за терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на јавниот обвинител на Истанбул се издадени налози за 17 осомничени лица кои се товарат дека се членови на терористичката организација ФЕТО и дека во градот дејствуваат како имами на групата, вели изворот, кој зборуваше под услов за анонимност.
Досега, 11 од 17 осомничени лица се притворени од страна на екипите на Одделот за борба против шверц на дрога и организиран криминал при истанбулската полиција. Истовремените операции во Истанбул, Анкара, Трабзон, Јалова, Коџаели, Артвин и Токат се во тек.
Терористичката организација ФЕТО стои зад обидот за државен удар преку инфилтрирање во турските институции, особено во армијата, полицијата и во судството.