Faruk Zorlu
09 Април 2019•Ажурирај: 10 Април 2019
АНКАРА (АА) - Правниот процес на изнесување аргументи во врска со резултатите за изборите за градоначалници кои се одржаа на 31 март во Турција продолжува, со тоа што се разгледуваат претставките и приговорите, изјави претседателот на Врховната изборна комисија на Турција, Сади Ѓувен, јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓувен, за новинарите изјави дека бидејќи правниот процес е во тек, и дека тој нема да откриe никаква информација за претставките, барањата и приговорите кои во моментот се разгледуваат.
Меѓу претставниците на партиите во изборниот одбор се владејачката Партија на правдата и развојот (АК Parti), Партијата на националno движење (MHP), главната опозициска Републиканска народна партија (CHP), опозициската партија ИЈИ (IYI) и опозициската Народна демократска партија ( HDP), рече Гувен.
Милиони турски гласачи гласаа на локалните избори на 31 март за избор на градоначалници во Турција, членови на градските совети, како и избор на најниските инстанци на локалната власт во Турција.
Според неофицијалните резултати во изборната трка во Истанбул, пред пребројувањето, кандидатот на главната опозициска Републиканска народна партија (CHP) води со 48,79% од гласовите, по него следува кандидатот на владејачката Партија за правда и развој (АK Parti), Бинали Јилдирим со 48,51%.
Оспорувајќи ги резултатите, АК Партијата побара пребројување.