Sarp Özer
08 Април 2022•Ажурирај: 09 Април 2022
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, оствари телефонски разговор со украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството на национална одбрана на Турција, Акар во разговорот со својот украински колега ја истакнал важноста од што поскоро прогласување прекин на огнот за да се отвори патот за дипломатско решение и да не се зголемува бројот на загубени животи.
Во разговорот, во кој е нагласена итноста за безбедно евакуирање на цивилите од копно и море, особено од Маурипол, Акар уште еднаш истакна дека Турција ќе продолжи да го дава својот удел во хуманитарната помош за Украина.