Dilara Hamit
15 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
АНКАРА
Турскиот министер за сообраќај и инфраструктура, Адил Караисмаилоглу, објави дека авионскиот сообраќај меѓу Турција и Русија ќе продолжи денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Се договоривме од денеска да ги продолжиме летовите со Русија“, изјави Караисмаоглу за АА.
Тој изјави дека Турција од 11 јуни повторно го воспоставила авионскиот сообраќај со 31 држава, како дел од процесот на постпандемската нормализација.
Тој наведе дека во тек се преговорите за обновување на авионските линии со уште 20 држави.