Sefa Mutlu
07 Август 2021•Ажурирај: 08 Август 2021
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека од вкупно 214 шумски пожари во 46 области на Турција, под контрола се ставени 202, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган ја потврди оваа информација преку објава на Твитер.
Турскиот претседател нагласи дека од копно и од воздух интензивно продолжуваат операциите за гасење на шумските пожари.
Тој напиша дека во овие операции се вклучени 18 авиони за фрлање вода, 850 пожарникарски возила и танкери за вода, 57 хеликоптери, 150 градежни возила, 9 беспилотни летала и 5.250 персонал.
Ердоган рече дека во операциите се вклучени и 4 авиони и 1 хеликоптер, што се обезбедени од странство со придонес на приватниот сектор и невладините организации.