Zeynep Canlı
06 Август 2021•Ажурирај: 08 Август 2021
АНКАРА
Министерот за земјоделство и шумарство на Турција, Бекир Пакдемирли, соопшти дека шумските пожари во Манавгат и Ѓундогмуш во турската област Анталија се ставени под контрола и дека се работи на ладење на пожариштата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пакдемирли ова го истакна преку објава на социјалните мрежи.
„Шумските пожари во Манавгат и Ѓундогмуш во Анталија се ставени под контрола, а се работи на ладење на пожариштата“, напиша Пакдемирли на Твитер.
Тој се заблагодари на сите учесници за акциите за гаснење на пожарите во Турција.