Во Едрене фатени 298 мигранти во обид да излезат од Турција
Станува збор за мигранти од Пакистан, Мароко, Иран, Алжир, Палестина, Ирак, Авганистан, Египет, Сирија и Узбекистан. Странците се предадени на надлежната Дирекција за управување со миграциитеHakan Mehmet Şahin
09 Април 2019•Ажурирај: 10 Април 2019
ЕДРЕНЕ (АА) - Турските безбедносни сили спречија 298 непријавени мигранти во обид илегално да излезат од Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Единиците на терен открија група непријавни мигранти кои се подготвувале илегално да ја напуштат Турција.
Се работи за мигранти од Пакистан, Мароко, Иран, Алжир, Палестина, Ирак, Авганистан, Египет, Сирија и Узбекистан. Странците се предадени на надлежната Дирекција за управување со миграциите.