Nilay Kar
09 Април 2019•Ажурирај: 10 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денеска изјави дека Турција неутрализирала 13 високи припадници на различни терористички организации од почетокот на 2019 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи во главниот турски град Анкара, Сојлу изјави: „13 високи терористи од сите терористички организации се неутрализирани од почетокот на оваа година.“
Претходно, Министерството за одбрана соопшти дека турските вооружени сили неутрализирале клучен водач на терористичката ПКК во воздушна офанзива во северен Ирак.
Терористот е идентификуван како Мехмет Сојсурен, со кодно име „Саваш Порсипи“, кој се наоѓаше на листата барани лица од „црвената категорија“.
Сојлу, исто така изјави дека на почетокот на оваа година околу 6.320 лица се фатени во операции против дрога низ земјата.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ. Во својата терористичка кампања која против Турција трае над три децении, убиени се повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.