İbrahim Aktaş,Kadir Yıldız
05 Јануари 2022•Ажурирај: 06 Јануари 2022
КОЏАЕЛИ
Жандармериските сили запленија над 70 историски артефакти во операција во турската северозападна област Коџаели, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврдија од канцеларијата на гувернерот на Коџаели.
Вкупно 77 бронзени монети и статуа на Богородица, за кои се верува дека потекнуваат од хеленистичкиот и грчкиот период, се пронајдени во возило запрено во областа Корфез.
Против двајца осомничени е подигната судска истрага.
Денешна Турција е дом на многу древни цивилизации и затоа е богата со реликвии.
Ова ги привлекува шверцерите кои често ограбуваат гробници и други археолошки локалитети.