Ekipa
31 Август 2017•Ажурирај: 31 Август 2017
ИЗМИР (АА) - Во експлозија при минување на автобус со затвореници на една казнено-поправна установа во Измир, Турција, повредени се осум лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во местото Буча во Измир дојде до експлозија на направа поставена во контејнер за отпадоци, а детонацијата одекнала во моментот на минувањето на автобус на казнено-поправниот завод во тој турски град.
Според првите информации од местото на настанот, седум лица се полесно повредени, додека едно лице со потешки повреди е хоспитализирано.
На подрачјето околу местото на настанот преземени се опсежни безбедносни мерки, а увидот е во тек. На терен се наоѓа и директорот на полицијата во Измир, Хусеин Ашкин.