Esin Işık,Burcu Çalık
30 Август 2017•Ажурирај: 31 Август 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на присутните на приемот по повод националниот празник Ден на победата и Ден на Турските вооружените сили, истакна дека народот на Турција многу пати низ историјата храбро и решително се борел за слобода и независност, јавува Anadolu Agency (AA).
„Последен пат во тоа можевме да се увериме на 15. јули кога милиони наши браќа излегоа на улиците", рече турскиот претседател, потсетувајќи на обидот за пуч на терористичката организација ФЕТО минатата година.
„Кога тоа е потребно, многу добро знаеме да се бориме со срцата и зборовите. Нашата борба ќе биде продолжена се додека во регионот и целиот свет насилството не престане и додека мирот и благосостојбата не завладеат", рече Ердоган.
Потсети дека турските власти во текот на претходните 15 години напорно работеа на сите полиња за да ги зголемат силата и имиџот на земјата.
„Пред нас во секој момент се сите опции во врска со случувањата во регионот. Го гледаме вистинското лице на игрите кои се играат во регионот, со употреба на терористичките организации. Но не прифаќаме никакви наметнувања. Оние кои сакаат со употреба на терористичките организации Турција да ја стават во ќош, по некое време ќе останат сами, држејќи ја бомбата во раце од која веќе го извлекле осигурувачот. Говорат дека целта е ДЕАШ. Еве видете, сега во рацете на ДЕАШ се наоѓа оружјето на нашиот сојузник. Какво сојузништво е тоа? Како на тој начин да се биде заедно во НАТО? Ќе дојде време кога ова ќе се сврти како бумеранг и ќе ги погоди нив", рече Ердоган.
На крајот потсети дека Турција во последните години забележува голем економски успех, додавајќи дека само извозот до крајот на минатата година надминал 150 милијарди долари.
„Во второто тромесечје оваа година очекуваме економски раст од седум отсто. Странските инвестиции и понатаму се присутни. Турција навистина е сигурна. И покрај сето ова, постојат некои земји кои, во економска и политичка смисла, се бават со нас. Нашата цел е да го зголемиме бројот на пријатели. Најискрено пружаме рака на пријателство", рече Ердоган.
Се осврна и на случувањата во Мјанмар, напоменувајќи дека Турција муслиманите во Аракан нема да ги остави сами.
„Ние не можеме да се однесуваме така што нашата свест, чувството за правда и правичност ќе го оставиме по страна и ќе газиме се пред себе само за да ги оствариме личните интереси. Поради тоа не можеме да ги оставиме сами ниту невините луѓе во Аракан, кои се жртви на насилство, токму како што ги отворивме нашите срца за браќата од Сирија, Ирак, Балкан, Кавказ и Северна Африка", рече Ердоган, додавајќи дека Турците низ историјата биле на страната на угнетените и обесправените, а не на страната на посилните.