Emin İleri
24 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Властите на Република Турција ги пуштија во оптек посебните монети по повод враќањето на статусот на џамијата и повторното почнување на верските обреди во „Аја Софија“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дирекцијата за печатење на банкноти и монети при Министерството за трезор и финансии на Турција денеска во оптек ги пушти специјалните монети од една лира со фотографијата на „Аја Софија“ на задниот дел.
По повод свеченото отворање на џамијата „Аја Софија“ и почнувањето со верските обреди во неа, направени се и 5.000 сребрени и 10.000 бронзени монети за колекционерите.
Една сребрена монета чини 185, бронзена 55 лири, а купувачите ги добиваат со адекватен сертификат на оригиналност.
Граѓаните од раните часови се собраа пред Дирекцијата во Бешикташ за да ги купат специјалните монети печатени во чест на враќањето на статусот на џамијата „Аја Софија“.
Од наредната недела монетите ќе можат да бидат купени преку интернет.
Турскиот суд на 10 јули ја поништи одлуката на некогашната Влада донесена на 24 ноември 1934 година со која на „Аја Софија“ ѝ е доделен статус на музеј. Со чинот на поништувње на споменетата одлука, на „Аја Софија“ ѝ е вратен статусот на џамија.
Како една од најпосетуваните туристички дестинации во градот на Босфор, „Аја Софија“ од 1985 година е вметната на Листата на светски културни наследства на УНЕСКО.