Sefa Mutlu,Kaan Bozdoğan,Berk Özkan
24 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
По 86 години повторно е отворена Големата џамија „Аја Софија“. Од минарињата на „Аја Софија“ четворица муезини заедно со езан повикаа на молитва, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турските граѓани кои го исполнија платото пред „Аја Софија“ и нејзината околина, со своите мобилни телефони правеа снимки, овековечувајќи го тој историски момент на повикот на петочната молитва во џамијата.
И покрај топлото време, лицата кои уште во раните утрински часови пристигнаа на местата одредени за молитва, преку своите мобилни телефони го снимаа повикот за петочната молитва од минарињата на „Аја Софија“.
- Преку профилот на претседателот Ердоган на Твитер, програмата е емитувана во живо
Во меѓувреме, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, преку својот профил на социјалната мрежа Твитер во живо ја емитува програмата од Големата џамија „Аја Софија“. Под ознаката „Аја Софија“, програмата во живо беше споделена со пораката „Прва петочна молитва“.