Ekip
24 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
АНКАРА (АА) - Турција ги започна своите прекугранични операции насочени кон терористичката органиација ДАЕШ во рамките на меѓунароните договори и доделените овластувања од страна на собранието на Турција за заштита на своите права, јавува Anadolu Agency (AA).
По извршените ракетни напади од позициите на ДАЕШ во северниот дел на Сирија кон Турција и терористичките напади во Турција, според меѓународните договори и доделените овластувања од страна на собранието на Турција за заштита на своите права, турските вооружени сили ги започна своите прекугранични операции. Операциите се поддржани од коалионите елементи.
Собранието со одлука и го дава тоа право на владата. Во насока на заштита на националната безбедност од терористичка закана и заштита од сите видови безбедносни ризици, во рамките на меѓународното право, за преземање на неопходни мерки за претпазливост, во насока на елиминирање на сите терористички организации од Ирак и Сирија, кои би ги насочиле своите напади кон Турција и можност од масовна миграција и други потенцијални ризици, со цел да се заштити националната безбедност, со одлука на собранието, на Турција и се дозволува преминување на границата, обем на дејство, бројноста и терминот кога турските вооружени сили би навлегле во странски земји, потоа странски сили да бидат присатни на територијата на Турција и нивното користење да биде во согласност со принципите на владата, и за таа цел изработка на потребни прописи. овие можности на владата и беа доделени во траење од една година, кое од 2 октомври 2015 година е продолжено на уште една година, што беше објавено во служен весник на 8 септември.
Долж турската јужна граница земјата се соочува со зголемени ризици и закани за националната безнедност, терористичките елементи на ПКК се постојано присатниво северниот дел на Ирак, додека пак и во Сирија и во Ирак, бројот на останатите терористички елементи и нивната постојана закана се во постојан пораст.
Оваа одлука на Турција му придава големо значење за територијалниот интегритет, националното единство и зачувување на стабилноста на Ирак, истакнувајќи дека присуството на терористичките групи се директна закана, и затоа против овие закани, преземањето на воени, политички, и дипломатски подготвителни мерки, со цел зголемување на заштитните иницијативи, се овозможува нивна одржливост. Додека во Сирија режимот со својата политика на насилство, поддржувајќи ги терористичките групи, се обидува меѓу народот да создаде вистински судири врз база на етничка и секташка разлика, со што од аспект на хуманитарната ситуација, се нарушува регионалната и меѓународната безбедност и стабилноста, отворија пат за продолжување на ризиците и заканите.
Одлуката на собранието е „Во овие рамки, првично ова дозвола кон Ирак беше прифатена во 2007 година, која шест пати беше продолжувана, и дозволата кон Сирија која беше донесена во 2012 година и која беше еднаш продолжена, во 2014 година, по што е формиран еден текст кој е од неопходно значење, против сите ризици, закани и акции кои можат да ја донесат во прашање националната безбедност на Турција, права кои произлегуваат од меѓународното право за преземање на потребни мерки, кои би продолжиле да се спроведуваат на национално ниво, како и формирање на меѓународната коалиција со цел, борба против ДАЕШ и слични терористички организации, во чии рамки би учествуваала и Турција“, се вели во одлуката. Во одлуката се истакнува следното:
„Со цел да се преземат потребни мерки во рамките на меѓународното право за заштита од сите видови на терористички закани и сите видови безбедносни ризици, и елиминирање на сите можни идни напади кон Турција од страна на терористичките организации во Ирак и Сирија и ризикот од можните масовни миграции и други видови ризици, потребно е да се обезбеди и одржува националната безбедност на Турција.
Во кризниот период и по него во зависност од развојот на настаните, потребна е заштита на високите интереси на Турција и во таа насока овозможување на премин на границата, обем на дејство, бројност и термин кога турските вооружени сили би навлегле во странска земја, потоа можност странски сили да бидат на територијата на Турција и нивното користење да биде во согласност со принципите на владата и во таа насока, за елиминирање на сите можни ризици и закани, на 2 октомври 2014 година собранието на Турција донесе одлуката со која на владата на Турција и се доделена дозвола од една година, по што на 2 октомври 2015 година оваа одлука беше продолжена на уште една година и во согласност со 92. член од Уставот на Турција, Генералното Собрание на 3-ти септември 2015 година, на 9. седница ја прифати оваа одлука.“