Турција

Турција ги критикуваше притисоците врз турскиот градски советник во Франција за оставка

„Неприфатливо е да се принуди политичар да поднесе оставка, кој се сетил на нашите дипломати убиени од страна на ерменските терористички групи“, истакна турскиот заменик-министер за надворешни работи

Faruk Zorlu  | 28.04.2021 - Обновена : 29.04.2021
Турција ги критикуваше притисоците врз турскиот градски советник во Франција за оставка

АНКАРА (АА) - Турција го критикуваше принудувањето на турскиот градски советник во Франција да поднесе оставка, откако тој ставил „лајк“ на објава на социјалните медиуми во спомен на турските дипломати што беа убиени од ерменските терористички организации, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Неприфатливо е да се принуди политичар да поднесе оставка, кој се сетил на нашите дипломати убиени од страна на ерменските терористички групи, како што е Ерменската тајна армија за ослободување на Ерменија (АСАЛА) во Франција“, истакна турскиот заменик-министер за надворешни работи, Јавуз Селим Киран, на Твитер.

„Оние што ќе се обидат да држат предавања за слободата на изразување во секоја прилика, си даваат за право секаков вид угнетување кога ќе се соочат со факти што го нарушуваат нивниот мир“, додаде Киран.

Турскиот градски советник во Валенс, Франција, Јасин Јилдирим, ставил „лајк“ на фотографија на социјалните медиуми споделена од турското Министерство за надворешни работи со описот: „Нашите дипломати шехиди во ерменските терористички напади.“

Поради поплаките и притисокот од ерменските здруженија, градоначалникот Николас Дарагон побара од Јилдирим да си даде оставка.

Јилдирим се согласи да се повлече од функцијата поради притисоците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.