Muhammed Ali Toruntay
28 Април 2021•Ажурирај: 28 Април 2021
АНКАРА
Турските сили фатија еден терорист на терористичката организација ПКК/ЈПГ при обид за илегален премин од Сирија кон Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Се истакнува дека терористите се фатени во подрачјето на Суруч во турската област Шанлиурфа.
„Продолжува нашата борба против илегалните премини на нашите граници“, се наведува во соопштението.
„Нашите гранични сили во Суруч, Шанлиурфа, фатија еден терорист кој се обидувал на илегален начин да премине од Сирија во нашата земја“, се додава во ова соопштение.
Според соопштението на турското Министерство за национална одбрана, откриено е дека фатеното лице е припадник на терористичката организација ПКК/ЈПГ.