свет

„Договорот за миграции меѓу Турција и ЕУ продолжува да дава резултати“

„Договорот за миграции меѓу Турција и ЕУ продолжува да дава резултати, како исход од договорот нерегуларната миграција е намалена за 91 отсто“

Şerife Çetin  | 23.09.2019 - Обновена : 24.09.2019
„Договорот за миграции меѓу Турција и ЕУ продолжува да дава резултати“

БРИСЕЛ (АА) – Европската комисија истакна дека договорот за миграции меѓу Турција и ЕУ продолжува да дава резултати и дека исходот од договорот е намалување на нерегуларната миграција за 91 отсто, пренесува Anadolu Agency (AA).

Наташа Бертуд, портпарол на Европската комисија, одговарајќи на прашањата на прес-конференцијата истакна: „Договорот за миграции меѓу Турција и ЕУ продолжува да дава резултати, како исход од договорот нерегуларната миграција е намалена за 91 отсто.“

Нагласувајќи дека Турција и ЕУ се придржуваат кон договорот, Бертауд рече дека внимателно го следат порастот на нерегуларната миграција во Грција и дека ги продолжуваат контактите со властите.

Бертуд, исто така, истакна дека и покрај зголемената нерегуларна миграција на грчкиот остров Лезбос во последно време, таа е многу под нивото на коешто била пред постигнувањето на договорот за миграции меѓу Турција и ЕУ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.