Sarp Özer
22 Август 2018•Ажурирај: 23 Август 2018
АНКАРА (АА) - Официјалните претставници на Турската војска и Министерството за одбрана оценија дека одлуката на грчкиот Суд, со која се одобрува азил на пучистите на ФЕТО, е вистински пример за непретпазливост, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, официјалните претставнци на Турската војска и Министерството за одбрана на оваа земја, упатија остра реакција на одлуката на Врховниот суд на Грција со која се одобри азил на пребегнатиот пучист на ФЕТО, Сулејман Озкајнакчи.
„Во деновите кога се зборува за повторно покренување на мерките за јакнење на безбедноста и кога ја покажуваме нашата најдобра намера, судската одлука во врска со пучистите е пример за непретпазливост“, се наведува во соопштението, во кое понатаму се наведува:
„Сѐ додека одлуките во врска со терористите пучисти не се носат врз основа на правдата, демократијата и добрососедските односи, нема да биде можно да се очекува напредок во спроведувањето на мерките за јакнење на безбедноста. Многу е јасно дека тоа ќе има сериозни негативни рефлексии на нашите односи.“
Сулејман Озкајнакчи е еден од осумте пучисти на ФЕТО кои во ноќта на обидот за воен удар, од Турција побегнаа во Грција. Поради учеството во обидот за пуч на 15 јули 2016 година, зад кој стои терористичката организација ФЕТО, Турција побара нивно испорачување, а тие ја негираат вмешаноста и понатаму бараат азил во Грција.
Турција во повеќе наврати упати барање до грчките власти за испорачување на Озкајнакчи, но тоа не се случи.