İzzet Mazi
22 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
КИЛИС (АА) - Од 18. август, околу 18.000 сириски бегалци од Турција се вратија во својата матична земја за да го поминат претстојниот празник Курбан-бајрам со своите семејствата, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако ќе го пополнат барањето од системот на канцеларијата на гувернерот во Килис со кој им се дава термин за разговор, бегалците се пренесувани до турскиот граничен премин Онџупинар.
Во согласност со термините за разговор, Сиријците се сместувани во шаторите на Управата за вонредни состојби при турската Влада (АФАД), а по комплетирањето на документацијата, со автобуси заминуваат во Сирија.
Освен тоа, децата до 15 години ќе бидат вакцинирани во медицинскиот центар.
Сириецот Ибрахим Џумали Мухамед за АА изјави оти е среќен што празникот ќе го помине со семејството, кое не го видел неколку години.
Во Турција побарал засолниште пред пет години и оттогаш не видел многу членови од семејството, вклучувајќи ги и децата.
„Кога отидов, син ми имаше 11 години. Сега веќе е момче. Навистина ми е драго. Благодарни сме ѝ на турската држава, војската и на полицијата за оваа можност“, изјави Мухамед.
Враќањето на бегалците во Турција се планира за периодот од 5. септември до 15. октомври.
На споменатиот граничен премин, поради враќањето на бегалците, но и поради камионите коишто преку границите превезуваат хуманитарна помош, формирани се колони долги и до два километри.