Bilal Kahyaoğlu
04 Јули 2020•Ажурирај: 07 Јули 2020
КАСТАМОНУ (АА) - БИЛАЛ ЌАХЈАОГЛУ
Турски граѓанин од подрачјето на Агли во градот Кастамону, во природа пронашол печурка од 5 килограми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мухарем Ќосе, кој живее во селото Јешилпинар при Агли, додека собирал печурки забележал предмет кој наликувал на фудбалска топка.
Тој потоа забележал дека предметот што наликувал на фудбалска топка, всушност е печурка.
Откриената печурка тежи 5 килограми и има радиус од 50 сантиметри.
Ќосе во изјава за новинарот на АА истакна дека на едно пасиште, каде што отишол да собира печурки, забележал голем бел предмет.
Тој нагласи дека најпрвин помислил дека овој предмет е топка.
„Потоа видов дека е печурка. Не разбрав каква печурка е“, рече тој, додавајќи дека потоа го открил видот на печурката.
Ќосе истакна дека порано немал видено ваков вид печурка, и рече: „Претходно не консумиравме ваков вид печурка, но дознав дека во некои подрачја се консумира. Има печурки кои тежат околу еден килограм, но претходно немам видено толкава голема печурка.“